вторник, 1 април 2025

Орбан: Брисел се подготвува за војна

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Брисел се подготвува за војна, иако, како што наведе, во моментов нема закана од војна.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Нема закана од војна, Унгарија нема да војува со никого. Остануваме на страната на мирот и ако Европа започне војна, ние сигурно нема да влеземе во неа“, изјави Орбан на прес-конференција, пренесува МТИ.

Орбан истакна дека во моментов не се чини дека Европа има непосредна закана од војна и дека е многу мала веројатноста дека „некој би нападнал членка на НАТО“.

Според него, оние кои се подготвуваат за војна обично го прават тоа за да иницираат „некој чин на војна“, додавајќи дека во моментов се прават политички подготовки за подлабоко вклучување во конфликтот.

Унгарските семејства, нагласи Орбан, не треба да преземаат никакви посебни мерки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ