Орбан во снимката објавена на социјалната мрежа Инстаграм кажа дека „бриселските бирократи не ги поддржуваат мировните планови на Америка“.
Тој истакна дека „Унгарија се противи на продолжување на војната во Украина и дека ги поддржува мировните напори на Трамп, додека Брисел одлучи дека Украина треба да ја продолжи војната“, пренесуваат унгарските медиуми. Кажа и дека Унгарија ќе одолее на притисокот од Брисел да се придружи на провоената коалиција.
„Ќе продолжиме да го браниме суверенитетот на Унгарија и безбедноста на унгарските семејства. Советот за одбрана донесе неопходни одлуки во интерес на безбедноста на земјата“, истакна Орбан.