понеделник, 14 јули 2025

Орбан: Без Западот Украина едноставно не би можела да постои

Украина не само што не би можела да води војна со Русија без Западот, туку не би опстанала ни два дена, оцени денес премиерот на Унгарија Виктор Орбан гостувајќи на унгарскиот јавен сервис.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што пренесува МИТ, Орбан кажа дека Украинците „не се способно да ја одржат сопствената држава во функција“, додавајќи дека Западот „им ги плаќа пензиите на Украинците, платите на државните службеници и работата на украинските јавни служби“,

„ние ја финансираме нивната војска. Значи, без нас, без Западот, Украина не би опстанал ни два дена, не само што не би можела да води војна против Русија, едноставно не би можела ни да постои. Приемот на ваква земја во Европската Унија значи преземање многу проблеми, за тоа нема потреба“, кажа Орбан.

Тој оцени и дека, доколку Украина биде примена во ЕУ, „ќе биде примена и војната“.

„Тоа би значело дека една членка на ЕУ би водела војна долж својата источна граница, и би било само прашање на време кога секоја членка на Европската Унија ќе се вмеша во таа војна. Не сакаме војната меѓу Русија и Украина да стане наша војна“, кажа тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ