сабота, 20 декември 2025

Орбан: Апсурдно барање на Фон дер Лаен, сака и нашите внуци да го почувствуваат товарот на украинскиот конфликт

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека барањето упатено од претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен до земјите-членки на Европската Унија за дополнително финансирање на Украина е апсурдно, истакнувајќи дека станува збор за „астрономска сума која денес не постои“, додавајќи дека „Унгарија ќе одговори без одложување“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Орбан на Фејсбук објави дека претседателката на ЕК бара дополнителни 135 милијарди евра во текот на две години, што, според него, е 65 отсто од годишниот економски производ на Унгарија, седум години пензии за сите унгарски пензионери и речиси три четвртини од годишниот буџет на ЕУ, пренесува МТИ.

„Астрономска сума која денес не постои. Едноставно не постои“, кажа унгарскиот премиер.

Тој додаде дека „магичниот трик на Брисел“ повторно ќе биде заеднички европски заем, така што, како што истакна, „дури и нашите внуци ќе го почувствуваат товарот на руско-украинската војна“.

„За ова, тие бараат придонес од нас, Унгарците. Од земја која е казнета со милион евра дневно за тоа што не пушта мигранти. Од земја која е финансиски казнета затоа што има свој став за прашањата поврзани со војната и родовата еднаквост“, нагласи Орбан.

Тој истакна дека ова е повеќе од невозможно.

„Ова е категорички апсурдно. Унгарија ќе одговори без одложување“, порача Орбан.

Орбан претходно го критикуваше најновиот план на фон дер Лаен за дополнителна помош за Украина, велејќи дека тоа е „како обид да се спаси алкохоличар со тоа што ќе му се испрати уште една гајба вотка“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ