среда, 13 август 2025

Општ хаос на улиците на Шпанија: Луѓето излегоа на улица, борејќи се со сè што ќе им се најде во рака (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Најмалку пет лица се повредени, едно е уапсено во градот Торе-Пачеко, во југоисточна Шпанија, за време на насилни судири меѓу крајно десничарски групи, локално население и мигранти од Северна Африка, откако непознати напаѓачи нападнаа постар маж.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Градот денеска е помирен, но владини извори изјавија дека се очекуваат нови апсења, пренесува Ројтерс.

Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат мажи кои носат облека со симболи на крајната десница и мигранти кои носат марокански знамиња како фрлаат предмети еден кон друг за време на синоќешните судири, кои следеа по неколкудневните немири со помал интензитет.

Тензиите меѓу локалните жители и мигрантите се зголемија откако во средата на улица беше нападнат постар маж, кој се здобил со повреди од кои закрепнува дома.

Причините за нападот се нејасни и засега никој не е уапсен.

Претставничката на централната влада во областа, Мариола Гевара, за шпанската телевизија изјави дека нападот се истражува.

Таа, исто така, го осуди говорот на омраза и поттикнувањето насилство и рече дека ќе бидат распоредени дополнителни членови на Цивилната гарда за да се спречи насилството.

Според податоците на локалната самоуправа, речиси една третина од населението на Тора-Пачек е од странско потекло.

Областа околу градот, која се наоѓа во регионот на Мурсија, исто така е дом на голем број мигранти кои работат за дневници на земјоделски фарми, бидејќи земјоделството е еден од столбовите на регионалната економија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ