четврток, 26 март 2026

ОН предупредува на колапс на Куба, бараат итен план за достава на гориво

Обединетите нации предложија итен план за Куба која погодена од криза, вклучително и следење на потрошувачката на гориво, среде разговорите со Соединетите Американски Држави за дозвола за увоз на енергија за хуманитарни услуги, изјави вчера официјалниот претставник на ОН Франциско Пишон, координаторот на ОН за Куба, кажа дека планот од 94,1 милиони долари е предложен за одржување на критичните услуги за најранливите луѓе во земјата и „спасување животи“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Доколку сегашната ситуација продолжи и резервите со гориво во земјата се исцрпат, се плашиме од брзо влошување, со потенцијална загуба на животи“, им кажа Пишон на новинарите. „Изводливоста и спроведувањето на овој акционен план очигледно зависат од решенијата за гориво“, кажа тој.

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе ембарго за нафта врз Куба во јануари, продлабочувајќи ја енергетската и економската криза, а воедно вршејќи притисок врз комунистичката влада. ОН е во преговори со Вашингтон за да овозможи увоз на гориво за хуманитарни цели.

Пишон кажа дека акциониот план и „моделот за следење на горивото“ се предлагаат „како инструменти за обид да се постигне договор, пат до пристап до гориво“. Тој кажа дека е потребен план за следење на горивото „за да се осигури дека ќе оди до клучните, важни услуги кои се приоритет“.

„Се разгледуваат сите решенија, вклучително и соработка со недржавниот сектор“, кажа тој. Вашингтон малку го олесни ембаргото минатиот месец за да дозволи продажба на нафта на малиот приватен сектор на Куба.

Пишон кажа дека планот бил презентиран на десетици дипломати и претставници на меѓународни невладини организации во вторникот. Американските дипломати биле поканети, но Пишон кажа дека не знае дали тие одговориле. Планот на ОН е да го прошири својот одговор на ураганот Мелиса, кој ја погоди Куба во октомври, за да го вклучи и хуманитарното влијание на енергетската криза.

Персоналот на ОН во голема мера не можел да извршува теренска работа, а агенциите на ОН имаат тешкотии со подигањето на пратките помош од аеродромите во Хавана.

Шефот на ОН Антонио Гутереш минатиот месец предупреди дека постои ризик од хуманитарен „колапс“ ако на Куба ѝ биде одземена нафтата. Кубанците редовно доживуваат прекини на електричната енергија кои траат и повеќе од 20 часа, со два прекини на национално ниво само минатата недела. Претседателот Мигел Дијаз-Канел воведе итни мерки за заштеда на гориво, вклучително и строго рационирање на горивото.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ