понеделник, 15 декември 2025

ОН: Повеќе од 1.300 Палестинци се убиени додека барале храна во Газа

Речиси 1.400 Палестинци се убиени од 27 мај во Појасот Газа, повеќето од нив во дејства на израелската армија, додека чекале хуманитарна помош, објавија денес Обединетите нации.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Вкупно од 27 мај најмалку 1.373 Палестинци се убиени додека барале храна“, се вели во соопштението на Канцеларијата за палестинските територии на Високиот комесар на ОН за човекови права.

„Повеќето од тие убиства се извршени од израелската армија“, соопшти организацијата на ОН.

„Иако сме свесни за присуството на други вооружени елементи во истите зони, немаме никакви информации што укажуваат на нивна вмешаност во овие убиства“, додава организацијата.

Според извештаите, од тој број, 859 лица биле убиени на локациите на Хуманитарната фондација Газа (ГХФ – тело поддржано од Израел и САД), а 514 долж патиштата кои ги користеле конвоите со храна.

Во двата дена помеѓу 30 и 31 јули, 105 Палестинци биле наводно убиени, а најмалку 680 ранети долж патиштата на конвоите во регионот Зиким на север од Појасот Газа и регионот Мораж на југ од Кан Јунис, како и во близина на локациите на ГХФ во централна Газа и во Рафа.

„Пукањето и гранатирањето Палестинци од страна на израелската војска продолжило по патиштата на конвоите со храна и во близина на објектите на ГХФ и покрај најавата на армијата на 27 јули дека ќе ги прекине своите воени дејствија за одредени часови за да „поправи хуманитарниот одговор“, истакна телото на ОН.

Повеќето од жртвите се чини дека се млади мажи и момчиња.

„Ова не се само бројки“, истакнува Канцеларијата за човекови права на палестинската територија, додавајќи дека „нема информации“ што укажуваат дека жртвите директно учествувале во непријателства или претставувале закана за израелските безбедносни сили или други лица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ