вторник, 3 март 2026

ОН: Нападот на училиштето во Иран со 165 убиени девојчиња би можел да биде воено злосторство

Најмалку 168 деца и 14 наставници, повеќето од нив девојчиња на возраст од 7 до 12 години, беа убиени, а десетици беа ранети во саботата во воздушен напад врз училиште за девојчиња во јужен Иран за време на американско-израелските напади.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Израелската армија соопшти дека нема сознанија за напади во областа, додека американската војска соопшти дека го истражува инцидентот во кој беа убиени 165 девојчиња.

Канцеларијата на Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права побара истрага, а портпаролката Равина Шамдасани кажа дека „разорниот“ воздушен напад може да претставува воено злосторство. Таа објасни дека тоа би било воено злосторство ако се утврди дека цивилите биле цел или дека нападот бил неселективен, што е спротивно на меѓународното право.

„Деца, девојчиња, убиени на овој начин среде училиштен ден, на самиот почеток на часовите… Нивните ранци се извалкани со крв“, додаде Шамдасани.

Денес во јужниот ирански град Минаб беше одржан масовен погреб за убиените во тој напад. Некои од собраните носеа фотографии од убиени деца, меѓу кои имаше и девојчиња на возраст од само седум години. Видеата и фотографиите од погребот покажуваат голем број натажени како се молат околу малите ковчези обвиткани со иранското знаме.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ