Амбасадорката на САД во ОН Линда Томас-Гринфилд рече дека таквата резолуција може да ги загрози „деликатните преговори“ чија цел е да се постигне договор за прекин на огнот.
„САД не поддржуваат акција за оваа нацрт-резолуција. Доколку се гласа за предлогот на оваа резолуција – нема да биде усвоен“, се наведува во денешното соопштение на Томас-Гринфилд.
Во соопштението се нагласува дека е клучно сите страни да обезбедат најдобри шанси за успех на овој процес, а не да наметнуваат мерки кои го ставаат во ризик.
За да биде усвоена резолуција во Советот за безбедност на ОН, потребно е најмалку девет членки да гласаат „за“, но само под услов ниту една од постојаните членки да не стави вето.






