среда, 18 март 2026

ОН: Израелското пресретнување на бродовите кон Газа ја проширува неговата незаконска блокада

Канцеларијата на Обединетите нации за човекови права денес објави дека израелското пресретнување на бродовите за хуманитарна помош кои пловат кон Газа во меѓународни води ја продолжува нелегална блокада на Појасот Газа од страна на Израел.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Како окупаторска сила, Израел мора да обезбеди храна и медицински материјали за населението во најголема можна мера со расположливите ресурси или да се согласи и да олесни непристрасни програми за хуманитарна помош, доставени брзо и непречено“, изјави портпаролот Тамин ал Хитан за Ројтерс.

Тој го повика Израел и да ги почитува правата на притворените лица, вклучително и правото да ја оспорат легалноста на нивното притворање.

Според видео објавите на инстаграм страницата на флотилата, израелските воени бродови ги пресретнале бродовите кои се обидуваа да достават лекови и храна во Појасот Газа. Тие се качиле на бродови кои се приближувале кон енклавата, објавија организаторите на мисијата.

Израелците ја почнале операцијата кога флотилата била на околу 90 наутички милји од енклавата. Речиси сите бродови се пресретнати во меѓувреме. Само еден брод, Микено, продолжи да плови кон Газа некое време, но и тој подоцна беше пресретнат, а активистите беа приведени од израелската армија.

Глобалната флотила Сумуд се состои од повеќе од 40 цивилни бродови кои превезуваа околу 500 луѓе, вклучувајќи пратеници, правници и активисти, вклучувајќи ја и шведската климатска активистка Грета Тунберг.

Нивната цел беше да ја пробијат израелската блокада на палестинската енклава и да им достават храна и лекови на жителите.

Израел го нарече обидот за пробивање на флотилата „провокација“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ