четврток, 5 јуни 2025

ОН: Израел насилно ги изгладнува луѓето во Газа, тоа е воено злосторство

Шефот на ОН за хуманитарни прашања, Том Флечер, изјави дека Израел насилно ги изгладнува луѓето во Газа. Флечер за Би-би-си изјави дека верува дека тоа довело до промена во меѓународниот одговор на војната во Газа.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Флечер одговори потврдно на прашањето „дали гладувањето се квалификува како воено злосторство?“

„Тоа е класифицирано како воено злосторство. Очигледно, ова се прашања за кои судовите треба да пресудуваат, а на крајот и историјата“, рече тој.

Тој, исто така, изрази жалење за неодамнешната изјава дека 14.000 бебиња би можеле да умрат во рок од 48 часа во Газа ако не се дозволи влез на помош, што ОН подоцна ја повлече, велејќи дека мора да се биде внимателен со ваквите изјави.

Израел минатата недела дозволи дел од хуманитарната помош да влезе во Газа, по притисокот од меѓународната заедница и три месеци по целосната блокада што предизвика криза во снабдувањето со храна, лекови и гориво.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ