„Прекинувањето на пристапот речиси целосно го изолираше Авганистан од остатокот од светот и ризикува да предизвика значителна штета на авганистанскиот народ, вклучително и поткопување на економската стабилност и влошување на една од најлошите хуманитарни кризи во светот“, се вели во соопштението на Мисијата на Обединетите нации за помош во Авганистан (УНАМА).
Интернетот и мобилните телефонски услуги се во прекин во Авганистан, објавија жителите и службите за следење денеска, талибанската администрација не понуди објаснување.
Во минатото, талибанците изразија загриженост за порнографијата на интернет, властите ги прекинаа оптичките врски до некои провинции во последните недели, наведувајќи ја како причина „грижата за моралот“.
НетБлокс, меѓународна организација која го следи пристапот до интернет, соопшти дека интернетот се исклучува во фази.
„Авганистан е во процес на целосно исклучување на интернетот, бидејќи талибанските власти преземаат мерки насочени кон зачувување на моралот“, објави НетБлокс на својата веб-страница.






