недела, 14 декември 2025

Одмаздата на американските сојузници: Ф-35 е првата жртва на „отпорот“ на царините на Трамп

Американските сојузници му се „одмаздуваат“ на претседателот Доналд Трамп со откажување на договорите од воената индустрија, тврди Политико, повикувајќи се на дипломати од Европската Унија и поранешни претставници на администрацијата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Шпанија неодамна го откажа купувањето на борбени авиони Ф-35, наводно незадоволна од притисокот на Вашингтон да ги зголеми воените трошоци на земјите од НАТО на пет отсто од БДП.

Швајцарците моментално размислуваат да го сторат истото, откако Трамп им воведе царини од 39 проценти. Индија, исто така, престана да купува американско оружје откако Трамп воведе казнени царини за купувањето руска нафта.

Според Политико, ова претставува најконкретен „отпор“ на царинската политика на Трамп досега.

Весникот го цитира Џим Таунсенд, некогашен врвен дипломат на Пентагон за Европа и НАТО, кој вели дека царините се „голем среден прст“ кон сојузниците кои Соединетите Американски Држави со години се обидуваат да ги убедат да купат американско оружје, но сега се чувствуваат повредени.

Од друга страна, неименуван дипломат од ЕУ вели дека владата на Педро Санчез во Мадрид „сега смета дека е погодно да се игра како жртва на Трамп“ затоа што е под притисок од својата левичарска база.

Швајцарската влада во среда ја потврди својата намера да ги купи американските авиони, но и да го разгледа тендерот до ноември. Еден проблем е што САД не се согласиле за конечната цена на „невидливиот“ ловец, па инфлацијата, царините и трошоците за суровини би можеле да ги чинат дополнителни 1,5 милијарди долари.

Откажувањето на договорот би можело да ја зголеми цената на веќе преценетиот Ф-35, но неговиот производител, Локид Мартин, не звучи загрижено. Портпаролот на компанијата изјави дека Британија, Белгија и Данска изразиле намера да купат по десет ловци во следните неколку години.

Во меѓувреме, Белата куќа инсистира дека и царините и договорот за зголемување на воените трошоци се добри за Америка и американската одбранбена индустрија.

Њу Делхи официјално ги негираше медиумските извештаи дека Индија се откажува од купувањето американски ракети „џавелин“ и оклопни возила „страјкер“ поради царините на Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ