недела, 21 декември 2025

Од Косово заминале 10 отсто од луѓето, повеќе отколку од воените зони

Според податоците на Светска банка, речиси 10 отсто од луѓето го напуштиле Косово минатата година, што е повеќе од заминувањата од воените зони низ светот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

За овој податоци зборуваше Хикмете Бајрами, пратеничка од Демократскиот сојуз на Косово. Иако доаѓа од опозициската партија со желба да освои политички поен против премиерот на Косово Албин Курти, таа тврди дека оваа бројка всушност покажува дека од Курти бегаат и неговите луѓе и дека нема ништо од „социјалната помош и демократијата“ за кои зборува Приштина.

„Кога Европската унија дозволи визна либерализација, Албанците се спакуваа и заминаа во разни европски земји, каде што дијаспората е бројна“, кажа Бајрами.

Според податоците на официјален Белград, околу 20 отсто од Србите го напуштиле Косово поради односот на приштинските власти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ