Станува збор за авион кој е во развој веќе некое време во рамките на кинеската воена индустрија, а првпат беше јавно прикажан во ноември минатата година на голем аеро-митинг, откако претходно беше претставен неговиот поморски модел J-35 за носачи на авиони.
Напредна технологија и споредби со F-35
Авионот J-35A припаѓа на петтата генерација борбени авиони, опремен е со напредни сензори, авионика и е дизајниран да биде невидлив за непријателските радари и да ја пробива противвоздушната одбрана на непријателот. Кинеските државни медиуми го опишуваат како полесен и поразновиден од веќе постоечките кинески стелт авиони J-20, со можност за справување со копнени и морски цели.
China’s 5th generation J-35A stealth jet officially entered service with the PLAAF’s 1st Air Brigade, joining J-20s. pic.twitter.com/Ct2EuTdyve
— Clash Report (@clashreport) July 7, 2025
Авионот често се споредува со американскиот Ф-35, кој производителот Локид Мартин го опишува како „најсмртоносен и најспособен борбен авион во светот“. Ф-35 се продава на сојузниците на САД низ целиот свет, додека САД го користат и Ф-22 „раптор“, кој не се извезува.
Како и САД, Кина сега има два стелт борбени авиони: Ј-20 и Ј-35, додека двете сили веќе работат на нова генерација на уште понапредни авиони со подобрена автоматика, помала видливост и посилно оружје.
САД: Кина сериозно се подготвува за војна околу Тајван
Американските претставници сè повеќе стравуваат од воените амбиции на Кина, особено кон Тајван. Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави во мај на безбедносниот форум во Сингапур: „Кинеската војска го провоцира Тајван секој ден. Овие активности доаѓаат заедно со голем воен раст, вклучувајќи инвестиции во нуклеарно оружје, хиперсонично оружје и амфибиски капацитети“.
A formation of Chinese J-16D Electronic Warfare (EW) aircraft, J-20 Stealth Air Superiority Fighters, and J-35A Stealth Multirole Fighters flying over Beijing. pic.twitter.com/pYuBXCxv14
— OSINTWarfare (@OSINTWarfare) July 7, 2025
Хиперсоничното оружје се однесува на системи што летаат со брзина поголема од мах 5, односно пет пати побрзо од звукот.
Пекинг го смета Тајван за дел од Кина и често го опишува како „неотуѓив дел од татковината“, но Тајпеј долго време се обидува да се наметне како независна држава, со американска и европска поддршка. „Мора да им биде јасно на сите – Кина сериозно се подготвува да употреби воена сила за да го промени балансот на моќта во Индо-Пацификот“, рече Хегсет.
Американските разузнавачки извори тврдат дека претседателот Си Џинпинг сака кинеската војска да биде подготвена за можна инвазија на Тајван до 2027 година, дури и ако тогаш не се случи војна.
Одговорот на Кина
Генералот Чарлс Флин, поранешен командант на американската војска во Пацификот, во мај изјави: „Заканата од кинеска инвазија на Тајван повеќе не е ниту далечна ниту теоретска“.
Министерот Хегсет додаде кон крајот на мај: „Заканата која ја претставува Кина е реална. И може да биде неизбежна. Се надеваме дека не, но сосема е можно да биде“.
Кинеското министерство за надворешни работи одговори на тие изјави на 1 јуни: „Овие изјави се полни со провокации и имаат за цел да поттикнат поделба“.