сабота, 12 јули 2025

Објавени снимки од иранскиот напад на Израел, експлозии и во Тел Авив и во Ерусалим (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се шират снимки од иранскиот напад на Израел.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Иран испукал стотици балистички ракети кон Израел, што Техеран го опишува како почеток на својата разорна одмазда за израелските напади.

„Пред неколку моменти, со лансирање на стотици различни балистички ракети кон окупираните територии, почна операцијата на решителниот одговор на дивјачкиот напад на ционистичкиот режим“, објави официјалната иранска новинска агенција ИРНА.


Си-ен-ен јавува дека низ Израел одекнуваат експлозии. И над Тел Авив и над Ерусалим се креваат облаци чад, видливи над центрите на градовите.


Израелската војска соопшти дека сирените за воздушна тревога се огласиле низ целата земја и ги повика граѓаните веднаш да се упатат кон засолништата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ