Централната изборна комисија претходно објави дека повеќе од 1,59 милиони гласачи, или околу 51,9 отсто од регистрираните гласачи, го дале својот глас, вклучувајќи и 264.000 Молдавци на избирачките места во странство, пренесува Ројтерс.
Аналитичарите пред изборите посочија дека најверојатното сценарио е ПАС да освои најмногу гласови, но не и мнозинство, што би довело до долги и тешки преговори за формирање влада.
Некои аналитичари сметаат дека разликите во ориентацијата на надворешната политика може да бидат толку непремостливи што само нови избори би можеле да ја решат ситуацијата.
Тие исто така нагласија дека овие избори се клучни за Молдавија и ќе покажат дали оваа поранешна советска република, независна од 1991 година, ќе го продолжи својот пат кон Запад или повторно ќе се сврти кон Русија.






