петок, 6 јуни 2025

Објавени први снимки од разорниот земјотрес на Крит (ВИДЕО)

Жителите на грчкиот остров Крит се разбудија утринава уплашени од силниот земјотрес со јачина од 6,1 степен по Рихтеровата скала, кој го стресе регионот и се почувствувал дури и во регионот на Атика.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според локалните медиуми, земјотресот предизвикал паника, луѓето панично бегале од своите домови, а многумина пријавиле силен татнеж кој го придружувал земјотресот. На социјалните мрежи се појавија и првите снимки од земјотресот.

Во некои продавници била забележана материјална штета, откако производите паднале од полиците, пишува Прототема.

По главниот удар следеле уште девет послаби потреси – најслабиот бил со јачина од 2,5, а најсилниот 3,5 по Рихтер.

Пожарникарските сили на Крит се во состојба на засилена готовност. Патролните возила се на терен и ја следат состојбата. Забележани се мали лизгања на земјиште на регионалните патишта, а во Ираклион се урнал дел од зграда. Локалната полиција брзо реагирала и го блокирала подрачјето за безбедност.

Регионалните и општинските власти на Крит ја следат ситуацијата и ги преземаат неопходните мерки. Во општините Ираклион и Ласити се издадени упатства за итна проверка на безбедноста на училишните објекти. Засега не се пријавени значителни оштетувања на тие објекти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ