понеделник, 14 јули 2025

Објавени детали од вештачењето на Коста К; „Бил инспириран од американски убијци“

Кривичната постапка против родителите на момчето (Коста К.) кое уби 10 лица во основното училиште „Владислав Рибникар“ во мај минатата година продолжи во Вишиот суд во Белград на 5 јуни. Судскиот експерт за невропсихијатрија д-р Анета Лакиќ сведочеше во постапката, презентирајќи ги наодите од психијатриското и психолошкото вештачење на момчето, објавува Блиц.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според неа, Коста К. не покажал знаци на каење, иако бил свесен за сериозноста на своите постапки. Тој изјавил дека немало да го стори тоа што го сторил доколку ги знаел последиците, но не изразил вина или каење. Вештакот истакна дека момчето систематски се обидува да ја минимизира сериозноста на кривичното дело и користи одбранбени механизми за да избегне непријатни прашања – на пример, го прекинува разговорот и го бара својот лекар.

Според наодите, момчето било свесно дека поради својата возраст дека нема да биде кривично одговорно, бидејќи во тоа време немало 14 години. Веднаш по извршувањето на кривичното дело, знаело кого да повика, да крене раце и како да се однесува. Тој исто така изјави дека се чувствува безбедно бидејќи, како што рече, бил „заштитен од одмаздата на оние чии деца ги убил“.

За време на вештачењето, беше споменато и дека пред да го изврши злосторството, момчето на интернет барало информации дали Србија има воведено доживотна и смртна казна, и наводно очекувало да заврши во затвор каде што ќе има мир и ќе чита книги.

Вештакот исто така изјави дека момчето изјавило дека некое време сакало да стане „психопат“, инспириран од случаите на момчиња убијци од САД, но дека подоцна се откажало од тоа.

Зборувајќи за семејните односи, Коста К. изјавил дека бил најблизок со својата баба и вујко, додека другите од семејството ги опишува како „опседнати“. Д-р Лакиќ додаде дека момчето дало лажни информации за својата здравствена состојба, на пример дека има астма и дека дедо му починал, што го користело за да избегне училиште.

Кога адвокатот ја праша зошто не разговарала со родителите на обвинетиот, вештакот објасни дека таквиот разговор би можел да го компромитира наодот бидејќи целта била да се процени перцепцијата и проценката на момчето во времето на кривичното дело.

Судскиот случај против родителите на момчето продолжува.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ