На социјалните мрежи се објавени снимки како Бербок забрзано се симнува по скалите од авионот, а доле ја чекаат само неколку камермани и работници на обезбедувањето, а таа збунето гледа наоколу.
Ich feiere jedes Land, das Baerbock so einen Empfang bereitet.
Was sagt ihr?pic.twitter.com/A3MnJfAyay— Gr@ntlɘr 🥨🍺 (@oida_grantler) October 28, 2024
Министерството за надворешни работи на Германија ги негираше информациите објавени на социјалните мрежи дека никој не ја пречекал Аналена Бербок на нејзината посета на Кина и Индија, изјави официјалниот портпарол на германската дипломатија Себастијан Фишер.
„Снимката не е од Индија. Исто така се тврди дека е од Кина. Тоа не е точно. Станува збор за слетување во Малезија. Поради недоразбирање, авионот сопрел на погрешно место“, кажа Фишер на брифинг за медиумите.
Тој истакна дека поради таа грешка Бербок била позиционирана малку подалеку, па министерката морала да се приближи за да ја поздрават.
Посетата на Бербок доаѓа шест месеци откако германскиот канцелар Олаф Шолц ја посети Кина, на покана на премиерот Ли Чијанг. За разлика од неговата посета во 2022 кога беше дочекан со почести, Шолц годинава во Кина го дочекаа неколку новинари и заменик градоначалникот на Чонгкинг, Хуа Јуан.






