Мажот, облечен во црно, се гледа како трча по покривот пред да скокне на земја.
Видеото го прикажува осомничениот како се појавува во горниот лев агол на покривот, а потоа се движи зад дел од зградата и излегува од десниот крај. Потоа тој слегува од покривот, оставајќи зад себе отпечатоци од раце, дамки за кои истражителите веруваат дека може да содржат ДНК и отпечаток од патика.
Врз основа на отпечатоците, истражителите веруваат дека пукачот носел патики „Конверс“, изјави комесарот на ДПС, Бо Мејсон, на прес-конференција. Откако се симнува од покривот, осомничениот трча низ тревникот до паркингот и исчезнува во пошумена област каде што подоцна била пронајдена пушка.
Осомничениот носел очила, патики конверс и „упадлива“ црна маица со американското знаме и орел.
Објавени се и дополнителни фотографии од наводното „лице од интерес“, а гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, изјави дека јавноста досега обезбедила повеќе од 7.000 траги и информации.
We are asking for the public’s help identifying this person of interest in connection with the fatal shooting of Charlie Kirk at Utah Valley University.
1-800-CALL-FBI
Digital media tips: https://t.co/K7maX81TjJ pic.twitter.com/ALuVkTXuDc— FBI Salt Lake City (@FBISaltLakeCity) September 11, 2025
Полицијата и американските федерални агенти вчера потврдија дека пронашле снајперска пушка за која се верува дека е употребена во атентатот врз влијателниот конзервативен активист Кирк за време на неговиот говор на Универзитетот во Јута, но убиецот е сè уште на слобода и во тек е потрага по него.
Претходно, три полициски извори рекле за Си-би-ес њуз дека истражителите веруваат дека го имаат името на лицето од интерес – но подоцна рекоа дека таа трага не била успешна.
Локалните власти велат дека државата Јута планира да побара смртна казна за убиството на Кирк.
Телото на Кирк беше пренесено со авион од Јута во Аризона, во придружба на американскиот потпретседател Џ.Д. Венс во „Ер форс 2“.
Американскиот конзервативен активист Чарли Кирк (32) беше убиен на 10 септември на кампусот на Универзитетот во Јута додека разговараше со студентите за масовните пукања и поседувањето оружје. Иронично, неговите последни зборови беа за бројот на масовните убијци во Америка во последните 10 години.






