недела, 7 декември 2025

Обединетите нации имаат докази дека американските убиства на осомничени шверцери на дрога се нелегални

Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права денес го повика Вашингтон да ја испита легалноста на нападите врз бродовите на осомничени шверцери на дрога во Карипско Море и Тихи Океан, наведувајќи „силни докази“ дека убиствата биле незаконски.

Фото: Принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Во последните недели Соединетите Американски Држави нападнаа голем број бродови, при што загинаа 76 лица.

Министерот за одбрана на САД Пит Хегсет денес на социјалната мрежа Икс објави дека американската морнарица во меѓународните води во источниот Тихи Океан погодила два брода „кои превезувале наркотици“ и убила по тројца членови на екипажот.

„Врз основа на она што го знаеме, тоа е кршење на меѓународното право и човековите права“, изјави за Франс прес високиот комесар на ОН за човекови права Волкер Турк.

„Ја замолив американската администрација да почне брза и приоритетна истрага, бидејќи мора да си ги постави следниве прашања: Дали ова е кршење на меѓународното право и човековите права? Дали се работи за незаконски убиства?“, кажа тој и подвлече дека „постојат силни индикации дека се, но неопходна е истрага “.

Бидејќи Вашингтон ги претставува нападите како „операции против дрогата“, тој инсистира дека ваквите операции „не треба да поставуваат прашања за тоа дали ова е дел од војна, некој друг конфликт или да поставуваат прашања за меѓународното хуманитарно право“.

„Употребата на смртоносна сила мора да биде исклучително ограничена, како последно средство на власта и само во случај на непосреден напад“ од страна на осомничени, додаде Турк, истакнувајќи дека „ова не е она што го гледаме“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ