петок, 26 декември 2025

Новиот лидер на Хезболах нема да трае „долго“, вети израелскиот министер за одбрана

Либанската вооружена група Хезболах објави денеска дека генералниот секретар Хасан Насрала, кој беше убиен во израелски воздушен напад врз јужното предградие на Бејрут пред повеќе од еден месец, ќе биде наследен од неговиот заменик Наим Касем. Групата во соопштение за печатот напиша дека нејзиниот совет Шура го избрал 71-годишниот Касем во согласност со воспоставениот механизам за избор на генерален секретар.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој беше назначен за заменик лидер на Хезболах во 1991 година од тогашниот генерален секретар Абас ал-Мусави, кој беше убиен следната година во израелски хеликоптерски напад.

Касем ја задржа својата позиција кога Насрала стана лидер и долго време беше еден од водечките портпароли на милицијата и даваше интервјуа за странски медиуми, вклучително и за време на минатогодишните прекугранични судири со Израел.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант го предупреди Хезболах дека часовникот на Касем отчукува. „Привремено назначување. Не за долго. Одбројувањето започна“, напиша Галант на Икс, објавувајќи и фотографија од новиот шеф на Хезболах.

Израел неодамна започна копнена операција во Либан против Хезболах, нагласувајќи дека сака да обезбеди сигурно враќање на жителите во пограничните области кои беа раселени поради нападите со ракети и беспилотни летала од страна на Хезболах.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ