петок, 20 март 2026

Новиот ирански врховен лидер се огласи по убиствата на високите државни функционери

Новиот врховен лидер на Иран Моџтаба Хамнеи издаде соопштение помалку од еден ден откако неговата влада го потврди убиството на шефот на безбедноста на Иран Али Лариџани.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението издадено од полуофицијалната иранска новинска агенција Тасним, Хамнеи порача дека ја примил веста за смртта на Лариџана со „големо жалење“. Тој го нарече „интелигентна и посветена личност“ и истакната личност во политичката елита на Иран.

„Атентатот врз таква личност несомнено ја покажува неговата важност, но и омразата на непријателите на исламот кон него“, продолжи врховниот лидер.

„Противниците на исламот треба да знаат дека пролевањето на оваа крв само го зајакнува дрвото на исламскиот систем. Секако, секоја крв има цена што криминалните убијци на мачениците наскоро ќе мора да ја платат“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ