петок, 26 декември 2025

Новиот грузиски претседател: Грузија ќе го продолжи својот пат кон ЕУ

Новиот грузиски претседател Михаил Кавелашвили во своето прво обраќање по преземањето на функцијата рече дека Грузија ќе го продолжи својот пат кон пристапување во ЕУ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Се стремиме да станеме полноправна членка на ЕУ во 2030 година, бидејќи тоа е цивилизиран избор на нашиот народ, кој е впишан во нашиот Устав“, рече Кавелашвили, пренесе РИА новости.

Кавелашвили рече дека до 2028 година Грузија ќе исполни повеќе од 90 отсто од условите од Договорот за асоцијација склучен со ЕУ во 2014 година. Тој ја потврди и подготвеноста на Тбилиси во секое време да преговара со Брисел за членство на земјата во ЕУ, доколку Унијата понуди таков предлог.

На 14 декември грузискиот парламент го избра Кавелашвили за нов претседател на земјата. Тој беше кандидат на владејачката партија Грузиски сон и доби 224 гласа од вкупно 300. Кавелашвили официјално ја презеде функцијата во неделата.

Опозицијата организираше протест во Тбилиси еден ден претходно по повод неговата инаугурација, а актуелната претседателка на Грузија, Саломе Зурабишвили, која рече дека не ги признава резултатите од парламентарните избори, ја напушти резиденцијата во неделата, иако претходно најави дека нема да го стори тоа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ