недела, 15 јуни 2025

Новиот германски канцелар најави враќање на Германија како најголема воена сила во Европа

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го одржа денес своето прво големо обраќање во парламентот од стапувањето на должноста минатата недела, среде подготовките за преговорите на Киев и Москва во Истанбул. Мерц истакна дека Германија мора да преземе значително поактивна и порешителна улога на глобалната сцена, особено во одбраната од „руската агресија“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Обраќајќи се во парламентот, Мерц кажа дека Германија ќе направи сè за да ги поддржи мировните напори, но и предупреди дека Западот не смее да се согласи на „диктиран мир“ ни на „статус кво кој Русија би го воспоставила со сила“. Тој ја истакна важноста на трансатлантското единство и директно му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп на поддршката на иницијативата за прекин на огнот во Украина.

„Таков прекин на огнот може да отвори простор за мировни преговори“, кажа Мерц. „Од пресудна важност е политичкиот Запад да не дозволи да се разедини. Же ги вложам сите напори за да го зачуваме најголемото можно единство меѓу нашите европски и американски партнери“.

Мерц оцени дека „Русија ги крши сите правила кои управуваа со нашиот соживот во Европа од завршувањето на Втората светска војна“. Тој додаде дека „во опасност е ништо помалку од мирниот поредок на целиот наш континент“.

„Исходот на оваа војна нема да ја одреди само судбината на Украина. Ќе одреди дали правната држава и меѓународниот поредок ќе преживеат во Европа и светот – или ќе надвладеат тиранијата, воената сила и голиот закон на посилниот“, кажа тој.

Во вториот дел од говорот Мерц се насочи на внатрешната безбедност и одбранбената способност на Германија. Тој најави дека Бундесверот ќе биде системски проширен и финансиски зајакнат за да стане „најсилната конвенционална војска во Европа“.

„Сакаме да бидеме во позиција да можеме да се браниме – за повеќе никогаш да не мораме да се браниме“, кажа германскиот канцелар. „Силата одвраќа, слабоста повикува на агресија“.

Тој најави и воведување нова, атрактивна, доброволна воена служба за да се одговори на кадровските потреби на војската.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ