сабота, 6 декември 2025

Новинарка: Какви отстапки нуди Русија? Трамп: Ќе престанат да се борат

Претседателот на САД, Доналд Трамп, е убеден дека кога би ја запрела офанзивата, Русија би направила „голема отстапка“ за Украина, што, според него, може да се смета за чекор напред кон решавање на конфликтот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во разговор со новинарите на Претседателскиот авион Трамп рече дека не се согласува со тврдењата дека неговиот предложен договор е поповолен за Русија и дека Москва не прави никакви отстапки.

„Па тие прават отстапки. Голема отстапка е да престанат да се борат и да не заземаат уште територии“, рече Трамп како одговор на новинарско прашање.

На прашањето дали од Украина било побарано да се откаже од преголема територија, американскиот претседател Доналд Трамп посочи дека „во следните неколку месеци, Русија, која има предност на бојното поле, би можела да победи во секој случај“.

„Крајниот рок за мене е кога ќе заврши конфликтот“, додаде тој. „И мислам дека сите се уморни од борба во овој момент“. Тој исто така рече дека Украина е задоволна од начинот на кој се одвиваат разговорите.

Белата куќа вчера изрази голем оптимизам дека е можно да се постигне договор по неколкудневните разговори во Европа и Заливот, во кои учествуваа државниот секретар на САД, Марко Рубио, секретарот за армија на САД, Даниел Дрискол, и други високи функционери.

Трамп го поздрави „огромниот напредок“ во усовршувањето на неговиот почетен мировен план од 28 точки, кој беше широко критикуван како список на желби на Кремљ. Тој рече дека му наложил на својот претставник Стив Виткоф да оди во Москва за да се сретне со Владимир Путин.

Русија првично го поддржа планот на Трамп, но не е познато дали ќе го прифати по ревизиите направени по сугестиите на Украина, за кои се верува дека се однесуваат на прашањата за територијата и безбедносните гаранции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ