Тој изјави дека би сакал САД да се прошират доколку се укаже соодветна можност, вклучително и ставање на Гренланд под американска контрола, повторно заземање на Панамскиот канал, па дури и анексија на Канада како 51-ва федерална држава. Тој тврди дека во овие идеи „нема шега“, туку има сериозна политичка и безбедносна логика.
„Зборувавте за купување на Гренланд, преземање на Панамскиот канал, правење на Канада 51-ва држава. Можеби малку се шегувате со последното? Не знам“, го праша новинарот Трамп.
„Всушност, јас не се шегувам“, изјави американскиот претседател.
На прашањето дали сака да ја прошири империјата, Трамп рече дека зависи од тоа што се подразбира под империја.
„Не би гледал на тоа така, бидејќи тоа не е нешто што сме го имале претходно, но да, ако се укаже вистинската можност – апсолутно. Мислам дека Гренланд ќе направи многу добро под наше водство. Ова е важно за нашата национална и меѓународна безбедност. А што се однесува до Канада …
Сакате да кажете дека можеби се шегувам? Не се шегувам. Канада е интересен случај. Губиме од 200 до 250 милијарди долари годишно поддржувајќи ја Канада. Го прашав човекот што го нареков гувернер Трудо: „Зошто? Зошто мислите дека е во ред да изгубиме толку многу помагајќи ви? Дали мислите дека е во ред една земја да дозволи друга да преживее?“ Не знаеше како да ми одговори.
„Ние ја плаќаме нивната војска. Ние се грижиме за секој аспект од нивниот живот. Не ни требаат нивните автомобили, ниту дрво, ниту енергетски производи. Ништо од Канада не ни треба. И велам – единствениот начин за ова да функционира е Канада да стане сојузна држава на САД“.
Трамп додаде дека не би имал ништо против да биде запаметен како претседател кој ја проширил американската територија.
Тој, исто така, рече дека САД се заинтересирани за Панамскиот канал и го критикуваше фактот што контролата врз каналот ѝ е предадена на Панама по повеќе од 80 години американско владеење. Идејата Канада да стане дел од САД првпат се појави во неговите говори пред претседателските избори во 2024 година. година.