Утринава пред собраниската зграда пристигна уште полиција.
Граѓаните извикуваа „Ќе нѐ тепаат додека не нѐ убијат сите“ и „Ја штитите мафијата“.
Граѓаните и студентите синоќа прогласија блокада на Собранието на Град Нови Сад и ги повикаа демонстрантите да останат на улиците пред градскиот парламент во текот на ноќта.
„Да не ги оставаме да влезат во собранието, да не дозволиме повеќе да нѐ лажат и крадат. Среќна нека ни е слободата, слободољубив Нови Саде“, им порачаа претставници на граѓанските собори на насобраните демонстранти.
Земјоделците паркираа трактори во близина на влезот на Градското собрание.
Околу зградата на градскиот парламент е поставена метална ограда, а единиците за интервенција на полицијата се наоѓаат пред и во самата зграда.
Студентите и граѓаните претходно побараа да бидат присутни на седницата, но тоа не им беше дозволено, како што беше во неколку наврати досега.
На протестот граѓаните рекоа дека бараат да се распишат избори за совети на месните заедници.