сабота, 31 мај 2025

Нови Сад: Молк кај Железничката станица за загинатите во уривањето на стреата (ВИДЕО)

Повеќе илјади студенти и граѓани денес, шест месеци од уривањето на стреата на реконструираната Железничка станица во Нови Сад во кое загинаа 16 лица, со 21-минутен молк им се оддаде почит на настраданите во таа несреќа, како и на лицата кои вчера загинаа во српска Топола додека се обидувале да го спасат мажот кој паднал во септичка јама.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Собраните пред Железничката станица носеа црвени балони во облик на срце на кои беа испишани имињата на загинатите, а на тревникот пред станицата студентите поставија и плоча „Нова Сад памти, 1.11.2024, 11:52“.

На билборд пред Железничката станица е закачено големо платно на кое е испишано „Не ја реконструиравме железничката станица“.

По искажувањето почит, студентите, граѓаните и воените ветерани положија цвеќиња и венци кај Железничката станица.

Повеќе илјади граѓани дошле на станицата околу 11:30, каде веќе ги чекале студентите кои повикаа на денешниот собир.

По оставањето на цвеќето колоната граѓани се упати кон Мостот на слободата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ