четврток, 11 декември 2025

Новата насловна страница на Шпигел: Двајца негативци, една цел (ФОТО)

На насловната страница на утрешното издание на германскиот неделник Шпигел ќе бидат американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.

Фото: Икс

Објавено на

часот

Сподели

Путин е прикажан како седи и ја сече Европа со нож, додека Трамп стои над него, со рацете на неговите рамена и насмевнувајќи се. „Двајца негативци, една цел. Како Трамп и Путин ја напаѓаат Европа“, гласи пораката на насловната страница.

Оваа насловна страница доаѓа среде преговорите за крај на војната во Украина, но и кратко откако Трамп упати остри критики кон Европа. Во интервју за Политико американскиот претседател ја нападна европската политика кон војната во Украина, миграцијата и НАТО.

Откако Трамп се врати во Белата куќа, американската политика значително се оддалечи од традиционалната поддршка за европските институции. Трамп постојано изразува скептицизам кон Европската Унија и ги доведува во прашање безбедносните гаранции дадени на европските земји.

Во преговорите за завршување на војната во Украина, Европа најмногу се плаши дека мировниот договор би можел да ги потврди територијалните придобивки на Русија и со тоа да ја награди агресијата, што би поставило опасен преседан за иднината на континентот. Друг страв е можноста за „лошо примирје“ што би ѝ овозможило на Русија да се вооружи и повторно да нападне за неколку години.

Европските влади се исто така загрижени дека главните актери, особено САД и Русија, би можеле да донесат клучни одлуки без Европа и Украина. Исто така, постои страв дека Украина би била принудена да прави отстапки што не ги сака, како што се откажување од територии или одложување на влезот во ЕУ и НАТО. Завршувањето на војната без цврсти безбедносни гаранции би можело трајно да го дестабилизира европскиот поредок и да предизвика трка во вооружување.

Шпигел беше еден од најпознатите и највлијателните германски неделници. Основан е во 1947 година и беше познато по своето истражувачко новинарство, деталните анализи и критичкиот пристап кон политичките и социјалните прашања.

Неделникот опфаќа широк спектар на теми, вклучувајќи политика, економија, наука и култура, и често разоткрива скандали и корупција. Покрај печатеното издание, Шпигел има и едно од најчитаните дигитални изданија во Германија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ