среда, 31 декември 2025

Новата година дочекана и во Јапонија, Северна и Јужна Кореја

Новата 2026 година беше дочекана во Јапонија, Северна Кореја и Јужна Кореја во 16 часот по средноевропско време, при што во многу делови на Токио јавниот дочек беше откажан од безбедносни причини.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Според Гардијан, јавните прослави се откажани шеста година по ред.

Дочекот, меѓу другото, беше откажан и на главната железничка станица Шибуја. Прославата во Сеул беше организирана на плоштадот Гвангвамун, со огномет и светлосно шоу.

Новата година во 13 часот по средноевропско време беше дочекана на источниот брег на Австралија, со огномет во Сиднеј кај операта, во Мелбурн и во други градови.

Еден час пред Австралија, Нов Зеланд ја дочека Новата година во 12 часот по средноевропско време, со огномет и прослави низ целата земја.

Пред Нов Зеланд, Новата година пристигна на пацифичките острови Самоа, Тонга, Маршалските Острови, Фиџи, Тувалу и Киритимати (Божиќен Остров), каде што жителите ја дочекаа 2026 година главно на плажите или во барови покрај плажа.

Кај нив, поради временската зона, Новата година пристигна во 11 часот по средноевропско време.

За целата планета да влезе во новата 2026 година потребни се 26 часа, па така последни Новата година ќе ја дочекаат Бразил (во 4 часот по средноевропско време), Њујорк (во 6 часот) и Лос Анџелес (во 9 часот).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ