Индиската армија во објава на социјалните мрежи соопшти дека милитантите биле убиени во „интензивна размена на оган“ во шумската област Дачигам, околу 30 километри североисточно од регионалниот главен град Сринагар.
Генералниот полициски инспектор, Види Кумар Бирди, изјави за новинарите дека заедничката операција на армијата, паравоените сили и полицијата сè уште трае, пренесува Асошиејтед прес (АП).
#WATCH | An anti-terror operation is underway in the Harwan area of Srinagar, where security forces have reportedly neutralised three terrorists. According to Inspector General of Police (IGP) Kashmir Zone, Vidhi Kumar Birdi, the operation is still ongoing.
“Operation is still… pic.twitter.com/BcLcAUKItE
— NORTHEAST TODAY (@NortheastToday) July 28, 2025
Нуклеарните сили Индија и Пакистан владеат со различни делови на Хималајскиот Кашмир, но и двете земји имаат право на целата територија.
Многу муслимански жители на Кашмир ја поддржуваат целта на бунтовниците, кои се противат на индиското владеење, да ја обединат територијата, или под пакистанска власт или како независна држава, објаснува Асошиејтед прес.
Во конфликтот досега загинаа десетици илјади цивили, бунтовници и владини сили.
Инцидентот, како што истакнува АП, е втор голем конфликт во регионот по масакрот во април, во кој беа убиени 26 лица, претежно туристи, во индискиот дел на Кашмир.
Пред масакрот во април во туристичкиот град Пахалгам, борбите во голема мера стивнаа во долината Кашмир, срцето на антииндиското востание, а во последниве години конфликтот во голема мера се префрли во планинските области на Џаму.
Масакрот ги зголеми тензиите меѓу Индија и Пакистан, што доведе до најлошата воена конфронтација во последните децении и десетици смртни случаи, сè додека не беше постигнат прекин на огнот на 10 мај со посредство на САД.
Одлуката на Њу Делхи во 2019 година да ја укине полуавтономијата на Кашмир и драстично да ја ограничи слободата на изразување, граѓанските и медиумските слободи дополнително ги зголеми тензиите во поделениот регион.






