вторник, 6 мај 2025

Нов скандал: Американскиот министер за одбрана повторно открил доверливи информации

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет повторно сподели доверливи информации за нападот на Јемен на апликацијата Сигнал, но групниот разговор сега ги вклучи неговата сопруга, брат и адвокат, изјави за Ројтерс извор запознаен со ова прашање.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Хегсет, наводно, ги споделил истите детали за нападот што беа објавени минатиот месец во списанието Атлантик, откако неговиот главен уредник, Џефри Голдберг, по грешка бил вклучен во специјална група на апликацијата Сигнал, во срамен инцидент во кој биле вклучени сите највисоки функционери за национална безбедност на претседателот Доналд Трамп.

Според неименуван извор, цитиран од Ројтерс, детали за распоредот на воздушните напади биле дискутирани во вториот разговор.

Сопругата на Хегсет, Џенифер, поранешна продуцентка на Фокс њуз, наводно присуствувала и на чувствителни состаноци со странски воени колеги, според сликите кои јавно ги објави Пентагон.

Лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, побара разрешување на министерот за одбрана поради овие пропусти.

„Дознаваме како Пит Хегсет ги загрозил животите. Но Трамп е сè уште премногу слаб за да го отпушти. Пит Хегсет мора да биде отпуштен“, напиша Шумер на мрежата Икс.

Откритијата за друга употреба на Сигнал за доверливи информации доаѓаат откако еден од главните советници на Хегсет, Ден Колдвел, ја напушти функцијата од Пентагон минатата недела, откако беше идентификуван за време на истрагата за протекување информации во Министерството за одбрана, изјави американски официјален претставник за Ројтерс.

По заминувањето на Колдвел, пониските функционери Дарин Селник, кој неодамна стана заменик-началник на кабинетот на Канцеларијата на Хегсет, и Колин Керол, кој беше началник на кабинетот на заменик-секретарот за одбрана Стив Фајнберг, беа ставени на административно отсуство, соопштија официјални лица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ