понеделник, 5 мај 2025

Нов биланс: 98 загинати, над 150 повредени во дискотеката во Санто Доминго (ВИДЕО)

Најмалку 98 лица загинаа, а повеќе од 150 се повредени откако се урна покрив на дискотека во главниот град на Доминиканската Република, Санто Доминго, објавија тамошните власти нов биланс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Повеќе од 24 часа по несреќата, мали се шансите дека сѐ уште има преживеани под урнатините на дискотеката Џет сет. Околу 370 спасувачи ги пребаруваа купиштата паднати тули, челични шипки и лимени листови во потрага по преживеани.

Во несреќата загина гувернерката на провинцијата Монтекристи, Нелси Круз, како и пејачот Руби Перез, кој настапувал кога се урнал таванот.

Според очевидци, Перез бил на сцената кога настапил мрак и покривот се урнал. Ќерката на Перез, Зулинка, им рекла на новинарите дека успеала да побегне откако се урнал покривот, но дека тој не успеал.

Сѐ уште не е позната причината за уривањето на таванот.

Локалните медиуми јавија дека имало меѓу 500 и 1.000 луѓе во клубот кога се урнал покривот околу 12.44 часот во вторникот. Клубот имал капацитет за околу 1.700 луѓе.

Директорот на Центарот за итни операции, Хуан Мануел Мендез, рече дека се надева оти многумина од затрупаните под урнатиот покрив сè уште се живи.

Џет сет е популарен ноќен клуб во Санто Доминго, кој редовно организира концерти на денс-музика во понеделник навечер. Во публиката вечерта имало политичари, спортисти и други истакнати личности.

Властите прогласија тридневна жалост по трагедијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ