„Заедно со Германија сега обезбедуваме Украина да добие силни системи за воздушна одбрана“, изјави норвешкиот премиер Јонас Гар Стор.
„Германија и Норвешка соработуваат многу тесно за да ја поддржат Украина во нејзината борба за одбрана на својата земја и заштита на цивилното население од руските воздушни напади.“
Норвешка и Германија, пренесува Ројтерс, финансираат два системи „патриот“, вклучувајќи и ракети.
Покрај тоа, Норвешка придонесува за набавка на радари за воздушна одбрана од германскиот производител „Хенсолдт“ и системи за воздушна одбрана од компанијата „Конгсберг“.






