четврток, 18 декември 2025

Норвешка ќе ѝ обезбеди на Украина системи за противвоздушна одбрана во вредност од околу 600 милиони евра

Владата на Норвешка соопшти дека ќе ѝ обезбеди на Украина системи за противвоздушна одбрана во вредност од приближно 7 милијарди норвешки круни (околу 600 милиони евра).

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Заедно со Германија сега обезбедуваме Украина да добие силни системи за воздушна одбрана“, изјави норвешкиот премиер Јонас Гар Стор.

„Германија и Норвешка соработуваат многу тесно за да ја поддржат Украина во нејзината борба за одбрана на својата земја и заштита на цивилното население од руските воздушни напади.“

Норвешка и Германија, пренесува Ројтерс, финансираат два системи „патриот“, вклучувајќи и ракети.

Покрај тоа, Норвешка придонесува за набавка на радари за воздушна одбрана од германскиот производител „Хенсолдт“ и системи за воздушна одбрана од компанијата „Конгсберг“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ