четврток, 22 јануари 2026

Норвешка ги предупреди граѓаните дека во случај на војна со Русија ќе се конфискува приватен имот

Норвешка ги предупреди своите граѓани дека во случај на војна со Русија, армијата ќе може да конфискува приватни куќи и автомобили.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Воените власти соопштија дека околу 13.500 граѓани добиле писма со предупредување дека одреден имот може да биде одземен – вклучувајќи недвижности, возила, чамци и машини, пренесе Дејли мејл.

„Реквизициите имаат цел да обезбедат вооружените сили, во воени услови, да имаат пристап до ресурсите неопходни за одбрана на земјата“, соопшти норвешката војска.

Оваа мерка би важела една година, а норвешките граѓани и во претходните години добивале слични писма.

„Важноста на подготвеноста за кризи и војна драматично порасна во последните години“, изјави Андерс Јернберг, шеф на воената логистичка организација.

„Норвешка се наоѓа во најсериозната безбедносно-политичка ситуација од Втората светска војна. Нашето општество мора да биде подготвено за безбедносни кризи, а во најлош случај и за војна… преземаме значително зајакнување на воената и цивилната подготвеност“, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ