Во објава на Икс, комитетот рече дека ѝ ја доделил Нобеловата награда за мир на Марија Корина Мачадо „за нејзината неуморна работа во промовирањето на демократските права за народот на Венецуела и за нејзината борба за постигнување праведен и мирен премин од диктатура во демократија“.
Нобеловата награда за мир за 2025 година оди кај „жена што го одржува пламенот на демократијата, среде растечката темнина“.
Марија Корина Мачадо ја добива Нобеловата награда за мир како еден од „најизвонредните примери“ на храброст во Латинска Америка во последно време.
Мачадо е клучна обединувачка фигура, додаде претседателот на комитетот.
„Токму ова лежи во срцето на демократијата, нашата заедничка подготвеност да ги браниме принципите на народното владеење, иако не се согласуваме. Во време кога демократијата е под закана, поважно е од кога било да се брани оваа заедничка основа“.
Американскиот претседател Доналд Трамп водеше јавна кампања за освојување на наградата, но номинациите беа затворени во јануари – во почетокот на неговиот втор мандат, вели Би-би-си.






