недела, 14 декември 2025

Њујорк тајмс: Во Америка, сè повеќе органи за трансплантација се вадат од живи луѓе

Болниците низ САД се соочуваат со сè поголем број случаи на трансплантација што вклучуваат обиди за отстранување органи од луѓе кои сè уште се живи, пишува американскиот весник Њујорк тајмс.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во последниве години, бидејќи системот сè повеќе се стреми да го зголеми бројот на трансплантации, сè поголем број пациенти се соочиле со предвремени или неуспешни обиди за вадење на нивните органи, се наведува во текстот.

Според весникот, во Западна Вирџинија, лекарите биле шокирани кога координатори побарале од парализиран човек, кој престанал да прима седативи, додека бил во операционата сала, да даде согласност за отстранување на неговите органи.

Болниците се одговорни за пациентите се до нивната смрт, но некои од нив им дозволуваат на организациите за набавка на органи да влијаат на одлуките за лекување, нагласува Њујорк тајмс.

Според весникот, вработени во неколку држави пријавиле дека виделе координатори како ги убедуваат болничките лекари да препишат морфиум, пропофол и други лекови за да ја забрзаат смртта на потенцијалните донатори.

Трансплантацијата на органи во САД е процес што вклучува операции на пресадување што ги спроведува сложен систем на болници, лекари и координатори од непрофитни организации.

Повеќето органи доаѓаат од луѓе кај кои е потврдена мозочна смрт.

Постои и друга форма на донација по смрт предизвикана од кардиоваскуларен застој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ