Потоа Трамп треба да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а за тоа се информирани и европските лидери кои учествуваа во телефонскиот разговор меѓу Трамп и Зеленски, пренесува Ројтерс.
Трамп претходно денеска објави дека неговиот специјален пратеник Стив Виткоф постигнал голем напредок во денешните преговори со рускиот претседател Владимир Путин во Москва.
Тој на својот профил на мрежата Трут соушл изјави дека информирал одредени европски сојузници за резултатите од разговорите меѓу Виткоф и Путин во Москва и дека се согласува со сите дека војната во Украина мора да заврши.
Белата куќа соопшти дека средбата меѓу Виткоф и Путин поминала добро, но дека Вашингтон сè уште планира да воведе санкции против Москва во петок.
„Русите сакаат да продолжат да разговараат со САД. Очекуваме нови санкции да бидат воведени во петок“, изјави функционер на Белата куќа.






