Според Њујорк тајмс, нападот се случил на 21 јули во близина на градот Кропивњицки во централна Украина. Ракетниот напад бил прецизно темпиран за моментот кога регрутите се собрале на ручек. Меѓу загинатите платеници наводно имало државјани на Соединетите Американски Држави, Колумбија, Тајван и Данска.
Весникот, исто така, пренесува изјава на американски платеник од Флорида кој го преживеал нападот. Тој го опишуваа како „најгласниот звук што некогаш го слушнал“, додавајќи дека најмалку 15 лица биле убиени во нападот, додека повеќе од 100 биле ранети. Украинската војска, во меѓувреме, потврди дека нападот се случил, но одби да открие дополнителни детали за инцидентот.






