сабота, 12 јули 2025

Њујорк тајмс: Хамнеи именувал можни наследници во случај да биде убиен

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, именувал потенцијални нови армиски команданти во случај да бидат убиени, како и високи свештеници што ќе го заменат во случај и тој да биде убиен или сменет, објави вечерва Њујорк тајмс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Претпазлив поради можен атентат, врховниот лидер на Иран сега најчесто разговара со своите команданти преку доверлив помошник и ги прекинал електронските комуникации за да потешко да може да биде најден, пренесе американскиот весник, цитирајќи три неименувани ирански функционери запознаени со неговите планови за вонредна воена ситуација.

„Засолнет во бункер, врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи избра низа замени во својот воен команден ланец во случај да бидат убиени повеќе од неговите вредни поручници“, додава Њујорк тајмс.

А во вонреден потег, велат официјалните лица, ајатолахот Хамнеи дури именувал три високи свештеници како кандидати што ќе го наследат доколку и тој биде убиен, објави американскиот весник, додавајќи дека ова сведочи за несигурноста со која се соочува тој и неговото тридецениско владеење.

Ајатолахот Хамнеи презел серија вонредни чекори за да го заштити Иран од израелски напад на 13 јуни, објави весникот без да даде детали.

Иако израелските напади траат само една недела, тие се најголемите воени напади врз Иран од војната со Ирак во 1980-тите, а Техеран е посебна цел.

За само неколку дена, израелските напади предизвикаа поголема штета во Техеран отколку што направи поранешниот ирачки лидер Садам Хусеин во целата осумгодишна војна против Иран, додава Њујорк тајмс без да наведе докази.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави на 17 јуни дека знаат каде е иранскиот врховен лидер Али Хамнеи, но дека „засега “нема да го убијат.

„Знаеме точно каде се крие таканаречениот врховен лидер. Тој е лесна цел, но таму е безбеден, нема да го елиминираме, барем не засега“, рече Трамп во тоа време на својата социјална мрежа Трут соушал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ