среда, 2 април 2025

НИС: Министерството за финансии на САД издаде специјална лиценца за одложување на санкциите

Компанијата Нафтена индустрија на Србија (НИС) соопшти денес дека министерството за финансии на Соединетите Американски Држави издало нова, специјална лиценца со која стапувањето на сила на санкциите кон таа компанија е одложено до 28 април.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението компанијата се заблагодарува на владата на Србија и останатите институции во земјата и странство кои го поддржале таквото барање до министерството за финансии на САД.

НИС соопшти дека ги почитува законите на Србија и на другите земји на чии пазари работи и дека со своето работење не придонеле на воведувањето на санкциите, кои, како што наведуваат, ха загрозуваат работата на компанијата како и социјалната стабилност на повеќе од 13.000 вработени.

Во соопштението пишува дека со новата лиценца на НИС ѝ се овозможува непречено одржување на работата и договорите кои ги вклучуваат НИС или неговите оперативни друштва.

Министерката за рударство и енергетика на Србија Дубравка Џедовиќ Хандановиќ претходно кажа дека стигнала официјална потврда од САД дека ги одложуваат санкциите на НИС до 28 април.

Таа додаде дека владата на Србија се надевала на одложување на санкциите на НИС, но дека се подготвила и за сценариото во кое тие официјално би биле применети.

„Се обидовме да им објасниме и демонстрираме на сите колку е НИС важен за нашите граѓани, економијата и нормалното функционирање на сите витални функции во општеството. Имавме поддршка од Унгарија, како и минатиот пат“„, кажа српската министерка.

Според неа, задолжителните резерви на нафта во Србија се кренати на највисоко можно ниво, над 52 отсто, и истакна дека долгорочното решение за НИС е едноставно – компанијата да биде тргната од листата на американски санкции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ