недела, 7 декември 2025

НИС бара нова лиценца за непречено работење додека траат преговорите

Нафтената индустрија на Србија (НИС) вчера поднесе ново барање до Канцеларијата за контрола на странски средства (ОФАК) при Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави за издавање посебна лиценца. Со таа лиценца, компанијата сака да обезбеди непречено работење за време на преговорите за промена на сопственичката структура, пишуваат српски медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Претходната лиценца, која беше издадена на 14 ноември и важи до 13 февруари 2026 година, им овозможи на акционерите и другите заинтересирани страни да почнат преговори за идното сопствеништво на компанијата.

Според НИС, новото барање е поднесено до ОФАК во согласност со моменталната состојба на разговорите меѓу акционерите и потенцијалните партнери. Целта е да се добие лиценца која би обезбедила континуитет на работењето, додека се бара „одржливо решение за НИС“. Компанијата очекува дека одобрувањето на новата лиценца ќе овозможи стабилно функционирање на сите операции во текот на периодот на интензивни преговори за нејзината иднина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ