петок, 12 декември 2025

Никаква трага не смее да остане по Ким (ВИДЕО)

Откако Ким Џонг Ун се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во Пекинг, членовите на неговата придружба внимателно ги избришаа предметите што ги допре севернокорејскиот лидер.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Аналитичарите веруваат дека тоа е дел од низа безбедносни мерки против странски шпиони.

Иако постои впечаток дека се создава ново пријателство меѓу Ким и Путин, снимките објавени во средата покажаа дека изолираната земја презема вонредни мерки за да ги прикрие сите траги од здравствената состојба на Ким, објавува Ројтерс.

Во објава на Телеграм, новинарот на Кремљ, Александар Јунашев, сподели видео од двајца помошници на Ким како темелно ја чистат просторијата во кинеската престолнина каде што Ким и Путин разговараа повеќе од два часа.

Наслонот и рачките на столот на Ким беа изрибани, а беше исчистена и масичката за кафе до него. Чашата од која Ким пиеше исто така беше отстранета.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NDTV WORLD (@ndtvworld)

„По завршувањето на разговорите, персоналот што го придружуваше лидерот на ДНРК внимателно ги уништи сите траги од присуството на Ким“, рече новинарот, мислејќи на Северна Кореја.

По разговорите во таа просторија, Ким и Путин отидоа на чај и разменија срдечни поздрави.

Како и за време на претходните странски патувања, Ким си зел и свој сопствен тоалет во својот препознатлив зелен воз до Пекинг за да скрие какви било докази за неговото здравје, објави јапонскиот весник Никеи, повикувајќи се на јужнокорејските и јапонските разузнавачки агенции.

Ваквите мерки се стандарден протокол уште од времето на претходникот на Ким, неговиот татко Ким Џонг Ил, вели Мајкл Маден, експерт за севернокорејското раководство во Центарот Стимсон во САД.

Како и за време на претходните странски патувања, Ким во препознатливиот зелен воз си носеше и свој сопствен тоалет

„Посебниот тоалет и кесите за отпадоци, ѓубре и отпушоци од цигари служат да обезбедат дека ниедна странска разузнавачка агенција, дури ни пријателска, не може да пристапи до примерокот и да го анализира“, рече Маден.

„Ова би можело да даде увид во можните здравствени проблеми на Ким Џонг Ун. Тоа содржи примероци од коса или кожа“, додаде тој.

По неговиот самит во Ханој во 2019 година со американскиот претседател Доналд Трамп, безбедносниот тим на Ким беше виден како го блокира катот на неговиот хотелски апартман за со часови да ја чисти собата, меѓу другото и вадејќи го душекот од неговиот кревет.

Ројтерс објави дека тимот на Ким бил виден како внимателно чисти предмети и пред тој да ги употреби.

За време на состанокот во 2018 година со тогашниот јужнокорејски претседател Мун Џе-ин, севернокорејските обезбедувачи ги испрскаа столот и масата со дезинфекциско средство и ги пребришаа пред Ким да седне.

Пред да седне на масата за уште еден самит со Путин во 2023 година, неговиот тим за обезбедување го избриша столот со дезинфекциско средство и темелно провери дали е безбеден, а еден од обезбедувачите го скенираше седиштето со детектор за метал, покажа објавената видеоснимка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ