Автобусот превезувал околу 50 туристи кои се враќале од Нијагарските водопади, повеќето од нив со индиско, филипинско или кинеско потекло, соопшти државната полиција. Меѓу нив имало и деца.
Несреќата се случила во близина на Бафало, недалеку од границата со Канада.
„Веруваме дека на возачот нешто му го одвлекло вниманието, ја изгубил контролата и претерано реагирал пред да заврши во каналот“, изјави претставникот на полицијата на државата Њујорк, Андре Реј, исклучувајќи ја можноста за механички дефект или возење под дејство на дрога.
Возачот не е повреден во несреќата.
Во локалната болница се пренесени 21 патник, но никој не е во животна опасност.
Според Еј-би-си, меѓу загинатите нема деца.
На снимката од местото на несреќата може да се види како автобусот лежи на страна покрај патот, тешко оштетен.






