сабота, 27 декември 2025

Нијагарините водопади замрзнаа поради екстремната зима (ВИДЕО)

Нијагарините водопади, создадени пред повеќе од 125 века, се делумно замрзнати поради ниските температури што зафатија голем дел од Соединетите Држави.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Екстремното студенило и рекордно ниските температури и натаму се забележуваат во делови од САД.

Снимките од дрон покажуваат дебели слоеви мраз и снег околу Нијагарините водопади, кои денес ја означуваат границата меѓу САД и Канада и се една од петте најатрактивни туристички дестинации во светот.

Нијагарините водопади се серија од масивни водопади лоцирани на реката Нијагара во источниот дел на Северна Америка.

Тие се меѓу седумте светски чуда, а поларните минуси создадоа леден оков околу водопадите и на тој начин формираа прекрасни глетки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ