сабота, 12 јули 2025

Нигер национализира рудник на ураниум, ги обвинува Французите за нерамномерна распределба

Нигер планира да го национализира рудникот за ураниум Сомаир и да преземе сопственичкиот удел во француската државна компанија Орано, тврдејќи дека присвоила непропорционално голем дел од производството.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Според акционерскиот договорот, ураниумот произведен од Сомаир го земаат акционерите пропорционално на сопственичкиот удел. Сепак, вистинските бројки значително се разликуваат од таа одредба за споделување“, се наведува во  соопштението за медиумите објавено вчера вечер.

Орано поседува 63 отсто удел во Сомаир, а остатокот го држи нигерската државна компанија Сопамин. Владата на Нигер тврди, без да даде конкретни детали, дека од отворањето на рудникот во 1971 година до 2024 година Орано зел 86,3 отсто од ураниумот произведен во рудникот.

Владата, исто така, го обвини Орано за „неодговорно, нелегално и нечесно“ однесување, велејќи дека компанијата ги повлекла француските државјани кои работеле на проектот, го одвоила од интернет системот на групата и го запрела производството во рудникот.

Од Орано одбиле коментираат за планот на Нигер за национализација на Сомаир, а не ги коментирале ниту обвинувањата на владата на Нигер.

Поради Сомаир, француската компанија покрена арбитражна постапка против Нигер пред Меѓународниот центар за решавање на инвестициски спорови (ИЦСИД) во Вашингтон. Тие, исто така, поднесоа тужба против самата влада во Нигер, велејќи ѝ да не се меша во работата на Сомаир бидејќи, како што велат, тоа предизвикува финансиска штета на рудникот.

Орано размислува да го продаде својот удел во Сомаир, според извештајот на Фајненшл тајмс од мај, откако Нигер го забрани извозот на ураниум и ја презеде контролата врз рудникот минатиот декември.

Суд во соседен Мали го стави комплексот за рударство на злато Луло-Гункото, управуван од канадската компанија Барик Мајнинг, под државна контрола во понеделникот, откако се интензивираше спорот околу даноците и сопственоста.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ