четврток, 12 јуни 2025

Нетанјаху вели дека бил под притисок да дозволи помош за Газа: сојузниците се загрижени поради „сликата на глад“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека неговата одлука да ја обнови испораката на помош за Газа по неколкунеделната блокада дошла под притисок од сојузниците.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во видео изјава објавена на социјалните мрежи, Нетанјаху рече дека сојузниците на Израел изразиле загриженост за „сликата на глад“ и дека израелските „најголеми пријатели на светот“, без да прецизира кои, му рекле дека „сцените на масовен глад се нешто што не можат да го поднесат, не можат да го прифатат“ и дека „нема да можат да го поддржат тоа“.

„Затоа, за да постигнеме победа, треба некако да го решиме проблемот“, додаде Нетанјаху.

Тој прецизираше дека ќе биде дозволена „минимална помош“, но не кажа кога.

Израелските власти во неделата соопштија дека ќе продолжат со испораката на помош на територијата разурната од војна, по целосното запирање на увозот од почетокот на март, и потврдија дека блокадата на стоки, вклучувајќи гориво, храна и лекови, имала за цел да го зголеми притисокот врз милитантната група Хамас во Газа.

Повеќенеделниот прекин во испораката на помош ја продлабочи веќе тешката хуманитарна криза и ги натера експертите да предупредат за масовен глад.

Промената во пристапот дојде откако Израел започна нова офанзива за освојување на Газа, при што планира да расели стотици илјади Палестинци и да обезбеди испорака на помош на територијата.

Израелските власти изјавија дека ова се начини да се охрабри Хамас да се согласи на договор за прекин на огнот под израелски услови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ